Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Гевгелија, 19. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Р. Грција.
Земјотресот се случи во 02 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.0. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во јужните делови на Р. Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива
