Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавени огласите за упис на првачиња, документите се доставуваат од петок, 2-ри мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите се доставуваат од петок, 2-ри мај

1 min read

Охрид, 28. април 2025 (ИНПРЕС) – Охридските основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна 2025/2026 година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2019 година, кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, како и деца родени заклучно со 31. јануари 2020 година по претходно барање на родител/старател и добиено мислење од училишната стручна служба.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат копија од извод од матичната книга на родените и од лична карат од еден родител/старател, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини кај детето, како и потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед кај детето.

Документите се доставуваат во соодветното училиште, согласно реонизацијата, почнувајќи од петок, 2-ри, заклучно со 30-ти мај 2025 година.

Во тековната учебна година во школските клупи за првпат седнаа 436 првачиња, додека во претходната беа запишани 456 првоодделенци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Мултикултурен настан утре во охридската Гимназија
Next Во завршна фаза е реконструкцијата на автокампот „Ливадишта“

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.