Охрид, 22. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Од недела, 26-ти октомври почнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Истиот ќе трае до 28-ми март 2026 година.
Со новиот зимски распоред охридскиот аеродром ќе има 5 дестинации со 3 авиокомпании. Ќе се лета до Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген.
ТАВ Македонија најави 10 нови дестинации од македонските аеродроми за претстојната зимска сезона. Од Охрид ќе се лета кон Базел од 27-ми октомври и до Милано, почнувајќи од 30 март 2026 година.
Со новиот зимски распоред, Меѓународниот аеродром Скопје ќе понуди 49 редовни и 13 чартер дестинации, опслужувани од 17 авиокомпании, додека охридскиот аеродром ќе има 5 дестинации со 3 авиокомпании.
Во првите девет месеци од 2025 година, двата аеродрома имаат обработено 2.585.096 патници, што е раст од 6% во споредба со истиот период лани. Скопје бележи раст од 5,4%, додека Охрид импресивни 16,2%.
Најфреквентна дестинација останува Истанбул, а меѓу водечките земји по број на патници се Турција, Германија, Швајцарија, Италија и Австрија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива