Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро денеска на кота од 693,20 м.н.в, 29 сантиметри под просекот за март

Охридското Езеро денеска на кота од 693,20 м.н.в, 29 сантиметри под просекот за март

1 min read
Охридското Езеро денеска на кота од 693,20 м.н.в, 29 сантиметри под просекот за март

Охрид, 25. март 2025 (ИНПРЕС) – Минимално покачено нивото на водата во Охридското Езеро, но и понатаму е далеку од просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на УХМР водостојот е на кота од 693,20 м.н.в што е за 29 сантиметри под просекот за овој месец (693,49 м.н.в) и 10 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и е за 2,4 степени повисока од просечната.

Последнава седмица се бележи благо покачување на езерскиот водостој за 5 сантиметри, откако претходно речиси еден месец беше на идентична кота (693,15 м.н.в).

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ин/УХМР

Post navigation

Previous Таравари: 12 пациенти си одат дома, еден од Белград се враќа на лекување во Македонија, 4-5 лица сѐ уште критични
Next Лани Охрид добил 15 нови магистри на науки

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.