Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во октомври го посетиле 23.088 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Грција

Охрид во октомври го посетиле 23.088 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Грција

1 min read

Охрид, 11. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец октомври, туристички Охрид го посетиле вкупно 32.199 гости, од кои 9.111 биле домашни, а 23.088 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 59.704. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Турците – 4.612, по кои следуваат гостите од Германија 3.412, Србија 2.185, од Грција 1.001…

На ниво на државата, Република Македонија во октомври ја посетиле вкупно 109.535 туристи, од кои 23.883 биле домашни, а 85.652 странски. Остварени се вкупно 204.718 ноќевања.

Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, кај домашните туристи е забележано намалување за 2.3 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %. Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6,4%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Викендов стартуваат подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид
Next Смилевски: Од мал ме интересира електрониката, гледам да изработувам необични проект – модели, натпреварите за мене се ново искуство

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.