Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во септември го посетиле 29.386 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Полска

Охрид во септември го посетиле 29.386 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Полска

Охрид во септември го посетиле 29.386 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Полска

Охрид, 11. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец септември Охрид го посетиле вкупно 42.305 туристи, од кои 12.919 биле домашни, а 29.386 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на ноќевањата изнесува 90.285. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 6.940, следуваат гостите од Србија 3.141, од Германија 2.580, од Полска 1.790, Холандија 1.508…

На ниво на Република Македонија во септември ја посетиле вкупно 132.999 туристи, од кои 32.753 биле домашни, а 100.246 странски. Биле остварени вкупно 262.686 ноќевања.

Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Тим од Хонг Конг со најдобар дизајн за реинтерпретација на Античкиот театар во Охрид на конкурсот на TerraViva
Next Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга 4, во Дебрца ниту едно

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.