Охрид, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Охриѓанецот Леонид Тодороски беше меѓу македонските средношколци кои постигнаа одлични резултати на 42. Балканска математичка олимпијада (БМО) 2025, што годинава се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
На овој престижен меѓународен собир на млади математички умови, во конкуренција на 141 натпреварувачи, од 23 држави на три континенти, тимот на Република Македонија освои еден златен, еден сребрен, три бронзени медали и едно успешно учество.
Златниот медал го освои Дамјан Давков, сребро освои Алексиј Тасиќ, додека бронзени медали освоија Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Бранко Јангеловски. Андреј Тасиќ доби признание за успешно учество.
Тимот ја претставуваше Македонија во организација на Сојузот на математичарите на Македонија, под раководство на Мирко Петрушевски, водач на тимот и Блаже Суклевски, заменик-водач. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
