Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пецаков: Општина Охрид поднесе 16 апликации на вториот владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти

Пецаков: Општина Охрид поднесе 16 апликации на вториот владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти

1 min read
Пецаков: Општина Охрид поднесе 16 апликации на вториот владин повик за финанасирање инфраструктурни проекти

Охрид центар кеј Македонија бродови катамарани сонце шетање по кеј Охридско Езеро стар град Охрид

Охрид, 30. април 2025 (ИНПРЕС) – Општина Охрид аплицираше со 16 инфраструктурни проекти на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Неодамна Супер радио и InPress објавија дека општина Охрид има аплицирано со 7 проекти, но дека се работи уште на неколку со што се стигна до конечната бројка од 16 апликации.

– Подготвени се и аплицирани следните проекти:

  • Катна Гаража
  • Дебелополе-локален пат од село Горно Лакочереј до село Лескоец.
  • Основен проект за линиски инфраструктурен објект-реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“ и Основен проект за осветлување.
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од ул. „Партизанска“.
  • Основен Проект за Реконструкција на инфраструктурен линиски објект на дел од ул „7-ми Ноември“ до пресек со ул. „Егејска“ заедно со осветлување.
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од ул. „Кленоец“ и дел од ул. „Петрино“.
  • Проект за употреба и одржување на урбан простор на парк простор на дел од кеј „Македонија“ (Холандски парк-кај споменикот на А Ден Долард)
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за Фекална и Атмосферска канализација (Влашка Mаала)
  • Реконструкција на линиски инфраструктурен објект пат од кампа Љубаништа.
  • Основен проект за линиски инфраструктурен објект-Реконструкција на потег дел од ул.„Петрино“ до пресек со ул.„Караорман“ во с. Лескоец.
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува селата Велгошти и Лескоец.
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфрструктурен објект, улици во населба „Бараки“.
  • Проект за мониторинг и управување на водоснабдителен систем и изработка на ГИС податоци-SKADA
  • Основен проект за линиска инфрструктура за примарна фекална канализација во село Долно Лакочереј-вон град и Охрид 4 (до приклучна шахта Алтанин мост)
  • Реконструкција на линиски инфрструктурни објекти-локален пат за село Завој.
  • Основен Проект за Реконструкција на линиски инфрструктурен објект-улица во село Долно Лакочереј (крак 2), вели Пецаков.

Вкупната вредност на проектите е 469.650.078 денари од нив 425.592.114 денари ќе бидат обезбедени од средствата на Јавниот повик, а 44.057.964 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“ oд 5-ти мај започнува со акциите за подигнување кабаст и зелен отпад
Next Се поставува нова водоводна линија за комплексот згради во населбата Бејбунар

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.