Повторно отстранети бројни „мрежи духови“ од водите на Охридското Езеро
October 24, 2025

Охрид, 24. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Повторно отстранети бројни „мрежи духови“ од водите на Охридското Езеро.

Тимот на Ghost Diving Adriatic (GDA) се придружи на локалните сили и исчисти дел од напуштената опрема за лов на риби од езерото. За само два дена беа отстранети голем број

Во период од 2 дена, тие отстранија голем број „мрежи духови“ од езерските води.

Во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид и нуркачкиот центар „Амфора“ беше одржана и презентација на Факултетот за туризам и угостителство.

„Мрежите духови“ се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми, овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива