Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

1 min read
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Ресен, 12. март 2025 (ИНПРЕС) – По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.

Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети. Изградбата на овој граничен премин е во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“.

На денешното поставување на камен-темелникот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан.

Грегоријан вели дека изградбата на овој граничен премин е меѓу приоритетите на УНДП.

Со отворањето на овој граничен премин се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави. Повторното отворање на граничниот премин беше најавено со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година.

Синоќа за време на посетата на Општина Ресен, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михаил Рокас изјави дека камен темелникот на граничниот премин „Маркова нога“ означува нова ера и претставува потврда дека преспанскиот регион освен за земјава, е значаен и за Европа.

Граничниот премин Маркова нога – Лемос е затворен повеќе од 50 години, а преку него порано се поминувало само со лична карта.

Според легендата на локалното население, граничниот премин „Маркова нога“ е именуван според месноста „Маркова нога“ каде се наоѓа камен, чудо на природата, за кој се верува дека ја чува трагата од стапалото на Крале Марко. Каменот со трагата од Марковата нога е изложен во истоимената караула до граничниот премин. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Гаро Тавитјан влезе во најглемата светска енциклопедија за тапанари – „Drummerworld“
Next Распишан конкурс за бесплатни курсеви за невработени и вработени лица

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.