Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Предизвиците со кои се соочува Охрид, статусот под УНЕСКО, реализација на ЕУ проекти во фокусот на средбата Пецаков – Рокас

Предизвиците со кои се соочува Охрид, статусот под УНЕСКО, реализација на ЕУ проекти во фокусот на средбата Пецаков – Рокас

1 min read
Предизвиците со кои се соочува Охрид, статусот под УНЕСКО, реализација на ЕУ проекти во фокусот на средбата Пецаков – Рокас

Охрид, 10. јули 2025 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денес оствари средбра со амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид.

На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за работата во таа насока и честитки за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина.

Градоначалникот го запозна амабасадорот со идните планови кои треба да се реализираат исто така во склоп на поранешната касарна. Се разговараше и за евентуална поддршка на некои од тие проекти кои дополнително би го оплемениле овој простор како би добил еден урбан лик.

Амбасадорот позитивно го оцени спроведувањето на овој голем и значаен проект во чиј склоп е намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем, за чија цел се набавени електрични велосипеди и електрични возила, со што населението и посетителите ќе може да ги користат за транспорт во стариот дел на градот. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни содржини адреналински парк и Pump Up патека, како и развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.

Дополнително амбасадорот изрази честитки за успешното финансико менаџирање на Општина Охрид во изминативе години и нагласи дека тоа ќе биде додадена вредност при аплицирањето на проекти за финанисирање од страна на ЕУ.

Исто така се разговараше и за развојот на туризмот, реализацијата на инфраструктурните проекти како локални така и државни. Стана збор и за актуелната тема поврзана со статусот на Охрид во УНЕСКО, за што беше изразена поддршка во напорите на Охрид во реализација на препораките. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охрид доби уште една година да се спаси од ставање на Листата на УНЕСКО за светски наследства во опасност
Next Охрид во мај го посетиле 28.976 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Франција

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.