Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Република Македонија во март ја посетиле 55.270 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

Република Македонија во март ја посетиле 55.270 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

1 min read
Република Македонија во март ја посетиле 55.270 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција

Скопје/Охрид, 12. мај 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец март, Република Македонија ја посетиле вкупно 70.902 туристи, од кои 15.632 биле домашни, а 55.270 се странски туристи.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 132.015. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Германците 10.410, следуваат гостите од Турција 9.380, Франција 4.648 и Грција 4.504.

Во периодот јануари-март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %, кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

Во периодот јануари-март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Сопствениците на кајчиња кај „Сараиште“, „Канео“ и Пештани да ги отстранат од крајбрежниот појас
Next ДЗР: Охрид има донесено стратегии за развој на зеленилото, изготвен е и зелен катастар, но истиот не е јавно достапен

Слични вести

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска
1 min read

Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска

Наместо вчера, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици Наместо вчера, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Наместо вчера, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.