Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сашо Гигов – Гиш ќе добие награда за безвременски хит за „Самовилска свадба“ на Охрид фест

Сашо Гигов – Гиш ќе добие награда за безвременски хит за „Самовилска свадба“ на Охрид фест

1 min read
Сашо Гигов – Гиш ќе добие награда за безвременски хит за „Самовилска свадба“ на Охрид фест

Охрид, 7. август 2025 (ИНПРЕС) – Сашо Гигов – Гиш ќе добие награда за безвременски хит на годинашното издание на фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури за песната „Самовилска свадба“ која ја испеа на Скопскиот фестивал во 1998.

Таа година, на Скопскиот фестивал се избрираше првиот македонски претставник за Евровизија која се одржа во Бирмингем, Англија. „Самовилска свадба“ чии автори се Григор Копров и Јордан Данаиловски го освои второто место. Победи Владо Јаневски со „Не зори зоро“, исто така песна на Копров, што го направи првиот македонски претставник на Евровизија.

Интересно е што таа година првите три места ги зазедоа песни чија музика ја напиша Григор Копров. Победи Владо Јаневски, Гиш беше втор, а третото место го освоија Дуле и Коки со песната „Дај ми шанса“.

– Искрено ќе кажам дека таа вечер бев среќен и несреќен. Ми беше драго што победи Владо и неговата голема популарност. Но, несреќен бев што не победи Гиш, зашто знам дека со „Самовилска свадба“ на Евровизија ќе направевме лом. Со самата песна, вокалот и имиџот на Гиш имавме нешто многу уникатно. Таа песна остана евергрин и драго ми е што ќе ја слушнеме на „Охрид фест“, вели директорот на фестивалот Григор Копров.

„Охрид фест“ ќе се одржува во две вечери на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид. На 29-ти август е фолк вечерта, а на 30-ти интернационалната вечер. Оливер Мандиќ ќе добие награда за бесвременски хит за песната „Питају ме питају“, а менаџерот Рака Мариќ за особен менаџерски придонес во популарната музика. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детската претстава „Шумската принцеза” утревечер на плоштадот „Вангел Наумоски“
Next Утре и задутре традиционална крводарителска акција за празникот „Св. Климент“

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.