Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се бара решение за конечно воспоставување функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво

Се бара решение за конечно воспоставување функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво

1 min read
Се бара решение за конечно воспоставување функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво

Охрид, 3. јули 2025 (ИНПРЕС) – Минатиот викенд, на неколку локации во Национален парк Галичица, се одржа значаен едукативно-координативен собир за планинско спасување, на кој учествуваа претставници од речиси сите организации членки на Националниот сојуз за планинско спасување.

Фокусот на собирот беше усогласување на стандардите за имобилизација и транспорт на повредени лица на нетехнички планински терен, во согласност со препораките на ICAR – Меѓународната комисија за алпско спасување. Со оваа активност започнува важен двегодишен процес за адаптација на националните стандарди според меѓународните практики, сертификација на спасувачите и примена на современа опрема и техники за ефикасно и безбедно изведување на спасувачките операции.

Учествуваа спасувачи и претставници од Охрид, Скопје, Струмица, Штип, Кочани, Велес, Тетово и Вевчани, како и официјални претставници од Македонската алпинистичка федерација (МАФ) и Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП).

Иако чекорите кон унапредување се јасни и силни, и понатаму останува отворено прашањето за институционална поддршка од страна на државата. Интензивно се работи на изнаоѓање соодветно решение, во согласност со европските практики, за конечно воспоставување на функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво.

На семинарот беше формализирана соработката помеѓу Националниот сојуз за планинско спасување (НСПС), МАФ и МАИВП, преку потпишување на договор за стратешко партнерство. Со тоа, трите организации се обврзаа на заедничка работа за унапредување на спасувањето и безбедноста во авантуристичкиот туризам и планинските спортови.

Домаќин на настанот беше Алпинистички клуб „Патагонија“ – Охрид, во соработка со Планинската спасителна Сслужба при Црвен крст Охрид, а активноста беше финансиски поддржана од Државна видеолотарија на Македонија и Casinos Austria. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Приказ на животот преку виното“ – јубилејна изложба на охриѓанката Данче Наумоска
Next Охридската фудбалска надеж Лазар Топаловски и годинава беше дел од кампот на Црвена Ѕвезда во Белград

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.