Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Таеквондо клубот „Гебек“ од Ресен нов член на Македонската традиционална таеквондо федерација

Таеквондо клубот „Гебек“ од Ресен нов член на Македонската традиционална таеквондо федерација

1 min read

Ресен/Охрид, 11. март 2025 (ИНПРЕС) – На 4-ти март 2025 година, во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, започна со работа Таеквон-до клубот Гебек, под водство на Божидар Димитриевиќ, црн појас втори дан.

Божидар е долгодишен натпреварувач во рамките на репрезентацијата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ) и има освоено бројни награди, вклучувајќи сребрен медал во борби на Европскиот куп во Софија 2024, како и статус на четвртфиналист на Светското првенство во Пловдив 2019.

Тренинзите се одржуваат секој вторник и четврток од 16:00 до 18:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски“ на улица Иво Лола Рибар во Ресен.

Одѕивот на нови членови е повеќе од очекуван, со тоа што доминира женската популација, а клубот веќе има доста талентирани спортисти. Според изјавата на тренерот Божидар Димитриевиќ, клубот има светла иднина, а за кратко време се очекува да стане познат во спортскиот свет. (Крај)

извор: ipon.mk фото: архива

Post navigation

Previous Во јануари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно
Next Гаро Тавитјан влезе во најглемата светска енциклопедија за тапанари – „Drummerworld“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.