Охрид, 19. мај 2025 (ИНПРЕС) – Со пригодна програма утре ќе бидат одбележани 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Методи Патче.
Утре од 10:30 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен бистата на Патче во градскиот парк. Од 11:00 часот во спомен-куќата на Христо Узунов ќе се одржи свечената академија по повод јубилејот. Ќе настапи женскиот хор „Acordis“, по што ќе следи драмска изведба на адаптирани историски факти: „Гласот на револуцијата“ од м-р Михаил Патчев, а во изведба на ученици од ОУ „Ванчо Николески“, а свој настап ќе имаат и ученици од ОМУ „Методи Патче“.

Методи Патче е роден на 20-ти мај 1875 година во Охрид, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ.
Делото на ТМРО му било над сѐ, а со своите постапки секогаш бил правичен и бескомпромисен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







