Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе се додели книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Утре ќе се додели книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Утре ќе се додели книжевната награда за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Охрид, 6. март 2025 (ИНПРЕС) – Утре напладне во салата на Општина Охрид ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, кое се труди преку ваквата востановена манифестација, достојно да му оддаде почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца.

Во рамки на настаните од конкурсот за наградата „Тоде“, за најдобра песна за деца, Мерсиха Исмајлоска денеска одржа работилница за креативно пишување за учениците на ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Осмомартовска кампања на „Збогум Буково“ за садење 100 дрва во Охрид
Next Повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на „Македонски Просветители“ и дел од „Туристичка“ и „Дејан Војвода“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.