Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Целески: Титулата Балкански теквондо шампион ми значи, следен предизвик е учество на Европско првенство во Швајцарија

Целески: Титулата Балкански теквондо шампион ми значи, следен предизвик е учество на Европско првенство во Швајцарија

Целески: Титулата Балкански теквондо шампион ми значи, следен предизвик е учество на Европско првенство во Швајцарија

Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Ненад Целески е Балкански шампион во категоријата јуниори +78 кг, на неодамнешното теквондо првенство во Бугарија освои злато во својата категорија.

Теквондо тренира полни 10 години, од својата шеста година, следејќи ги стапките на својот татко. За успех во спортот вели неопходни се дисциплина, тренинзи, но и љубов и посветеност. Со Ненад поразговаравме за впечатоците од Балканското првенство, но и за следниот предизвик, учество на Европско првенство во Швајцарија.

Супер радио: На самиот почеток да ни се претставиш, кој е Ненад Целески и зошто се одлучи токму за теквондото, дали имаше и друг спорт фаворит? Колку време тренираш теквондо?

Целески: Тренирам теквондо во клубот „Хваранг Фист“, а тренер ми е Ацо Јосифоски. Со теквондото се запознав преку татко ми, тој порано тренирал и одлучив да тргнам по неговите чекори, започнав со тренинзи. Почнав со тренинзи на моја 6 годишна возраст, од 2015 година, значи веќе 10 години и оттогаш до денес вежбам, тренирам. Со натпревари започнав од 2019 година. Пред да почнам со теквондото одев две години на карате.

Супер радио: Член си на охридскиот клуб „Хваранг Фист“, си учествувал на бројни натпревари, а најнов твој успех е Балкански шампион во категоријата јуниори +78 кг на Балканското Таеквондо првенството што се одржа во Дупница, Бугарија. Конкуренцијата беше силна, но ти сепак успеа да стигнеш до златото. Како помина натпреварот, твои впечатоци.

Целески: Натпреварот помина во најдобра атмосфера, имавме поддршка од претставниците од репрезентацијата, имаше добра публика, подготовиките поминаа во најдобар ред и дадовме сѐ од себе. Се натпреварував во дисциплината борби. Прво мој противник беше претставникот од Романија кој го победив 2:1 во рунди, вториот беше претставникот од Косово кого го победив 2:0 во рунди, а третиот противник ми беше исто од Романија и во финалето го победив 2:0 во рунди од кои првата му ја зедов со технички нокаут.

Супер радио: Која е тајната на успехот во спортот – дисциплина, тренинзи или има уште нешто?

Целески: Тоа секако, а треба да се има и љубов кон спортот и да сме посветени.

Супер радио: Кои се плановите за периодот што претстои?

Целески: До крајот на годинава нѐ очекуваат уште два турнири во македонската лига што ќе се одржат во Скопје. Веќе следнава недела имаме Европско првенство што ќе се одржи во Швајцарија, каде одиме на медал. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Вечерва изложба „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“ во Куќата на Робевци
Next Во сабота хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.