Охрид, 10. март 2025 (ИНПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија одбележува 80 години постоење, осум децении хумана мисија.
Пригодна свеченост денес ќе биде одржана во Охрид. По повод јубилејот подготвено е специјално видео, по што ќе се обратат претседателите на Црвен крст Охрид и Црвен крст на Република Македонија, градоначалниците на Охрид и Дебрца, а ќе бидат доделени јубилејни признанија.
Свеченоста ќе се одржи денес во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
