Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Четири бронзени медали и пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

Четири бронзени медали и пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

1 min read
Четири бронзени медали и пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

Охрид, 1. јули 2025 (ИНПРЕС) – Четири бронзени медали и пофалница освои тимот од Република Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика, што деновиве се одржуваше во Охрид.

Бронзени медали освоија: Андреј Тасиќ – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Елена Јовановиќ – II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје, Андрија Младеновиќ – II година, ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје и
Даниел Христовски – II година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, додека пофалница доби Јаков Геговски – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.

Водачи на тимот беа проф. Станиша Велковиќ – член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика и Јан Стојановски – студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпијец.

На 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци учествуваа 62 млади физичари од вкупно 16 држави од Балканот и пошироко, a се одржуваше во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.

Натпреварот се одржа во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбеди Министерството за образование и наука, но и од донации направени преку платформата за собирање на средства на GoFundMe. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Минатата година во Охрид биле регистрирани 54 бесправно изградени објекти
Next Од денес до крај на август целосна забрана за движење во шумите

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.