Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Шајн: Подобри услови за работа за охридските пожарникари, зголемување на платата и современа опрема

Шајн: Подобри услови за работа за охридските пожарникари, зголемување на платата и современа опрема

1 min read
Шајн: Подобри услови за работа за охридските пожарникари, зголемување на платата и современа опрема

Охрид, 16. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Нашите херои, пожарникарите на Охрид заслужуваат подобри услови за работа, достоинствена плата и современа опрема, рече на денешната прес конференција д-р Асен Шајн, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и Коалицијата.

Истакна дека ведаш по стапување на функција, во првиот месец од мандатот ќе ги подобрат условите за работа, ќе се  ревидира начинот на исплата на платите на пожарникарите и ќе се изготви нов правилник за плати и додатоци, ќе се зголеми основната плата за 25%, а со оглед на сложеноста на нивната работа и 20% додаток за ризик согласно Законот за пожарникарство.

– Ќе се почитуваат сите законски права на пожарникарите, прекувремени часови за интервенција на терен, јубилејни награди за 10, 20 и 30 години стаж, праведни отпремнини при заминување во пензија и ќе се почитува законот за работа во недела со соодветна исплата за ангажман во недела. Не застануваме тука. Најголем дел од нашата заложба ќе биде насочен кон модернизација на опремата и возниот парк на Територијалната противпожарна единица Охрид. Ќе вложиме во нови возила, современа заштитна опрема и системи за брза интервенција. Овие проекти ќе ги реализираме со домашни и меѓународни институции бидајќи безбедноста на граѓаните е заедничка одговорност и највисок приоритет, рече Шајн.

Потенцира дека важен сегмент од неговото работење ќе посвети на ефикасноста и ефективноста при извршување на работите на вработените во локалната самоуправа, насочени исклучиво во корист на интересите на граѓаните следствено на тоа зголемување на основните примања што му следуваат на работникот согласно позитивните законски прописи.

– Охрид заслужува градоначалник кој ќе мисли на луѓето кои секој ден се на првата линија за да го заштитат градот. Јас, Асен Шајн сум решен да бидам тој градоначалник, порача Шајн. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Концерт „Охридски гитарски денови“ вечерва во ОМУ „Методи Патче“
Next Утре детски музички концерт „Хероите на градот“

Слични вести

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“ Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“
1 min read

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето
1 min read

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид
1 min read

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.