Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Автобуска несреќа во Турција, загинаа 15, повредени 27 лица

Автобуска несреќа во Турција, загинаа 15, повредени 27 лица

Анкара, 31. октомври 2014 (ИНПРЕС) – 15 лица загинаа, а 27 се повредени во автобуска несреќа која денес се случи во Турција.

– Возилото се превртело и паднало во провалија во јужната провинција Испарта денес наутро, јави турски „Хуриет“.

Автобусот превезувал група земјоделски работници, главно жени, кои работеле во градина за јаболка. Многу од повредените се во тешка состојба.

– Несреќата се случила најверојатно поради сопирачките на автобусот кои откажале. Возилото прво удрило во потпорниот ѕид, по што се превртело, јавува истиот извор.

Минатата недела загинаа 8 лица, кога автобус кој превезуваше ученици, се преврте во близина на западната провинција Ескишехир. Во друг инцидент минатиот месец 13 лица загинаа во Анталија, бидејќи возачот на автобусот заспа на воланот. (Крај)

извор: Хуриет фото: архива

Post navigation

Previous Косовската полиција вчера уапси тројца џихадисти
Next Дачиќ – Визијата за членството на Србија во ЕУ е во сите нас

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.