Тирана, 13. август 2014 (ИНПРЕС) – Албанската полиција уапси 40 илегални имигранти, од кои за петмина има сомнение дека се заразени со ебола.
Притворот се случил во близина на приморскиот град Валона. Петмина од имигрантите имаат симптоми на смртоносниот вирус. Тие биле однесени во локалната болница, каде што ќе бидат испитани.
Имигрантите се од африканската земја Еритреја. Прво пристигнале во Грција, а потоа стигнале до територијата на Албанија.
Точниот број на илегалните имигранти од сиромашните африкански и азиски земји не е јасен, но според статистиката само во последната година пристигнале околу 500 лица, главно од Еритреја и Сомалија. Тие ја користат Албанија само како транзит за другите западноевропски земја. (Крај)
извор: БГНес фото: архива
