Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Анкета: Над 70 % од Грците сакаат договор со доверителите

Анкета: Над 70 % од Грците сакаат договор со доверителите

Атина, 26. април 2015 (ИНПРЕС) – Повеќе од 70 % од Грците сакаат договор со доверителите од ЕУ и ММФ и сметаат дека постои реална опасност нивната земја да излезе од еврозоната поради застојот во преговорите.

Ова го покажуваат реазултатите од анкетата чии резултати се објавени денеска во весникот „Вима“.

На прашањето: „Кое е најдоброто решение за земјата“, 71,9 % од анкетираните одговориле дека тоа е „договор со доверителите“. Со спротивно мислење се 23,2 %, кои сакаат земјата „да прекине со Европа“, а 4,9 % немаат мислење.

Грците генерално го поддржуваат еврото, и покрај противењето против „затегнувањето на ременот“. Ова се потврдува и од анкетата: 72,9 % се изјасниле за останување на еврото, наспроти 20,3 % кои сакаат враќање на драхмата.

Според 68,8 % од граѓаните постои реална опасност земјата да отпадне од зоната на еврото, додека 21,1 % веруваат дека таков ризик не постои.

Владата на радикалната левица СИРИЗА, која е на власт од крајот на јануари, продолжува да се ужива голема популарност, но само половина од анкетираните – 50,2 % ја поддржуваат политиката на партијата во врска со преговорите со меѓународните кредитори. (Крај)

извор: АФП фото: архива

Post navigation

Previous Можни се нови избори во Грција
Next Исламистички милитант нападна полициска станица во Босна

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.