Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бадниковата пештера поставена на Градскиот плоштад

Бадниковата пештера поставена на Градскиот плоштад

1 min read
Бадниковата пештера поставена на Градскиот плоштад

Охрид, 28. декември 2023 (ИНПРЕС) – Големата Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос е поставена на Градскиот плоштад во Охрид.

Бадниковата пештера е подарок за градот од Бигорскиот манастир, а е дело на вредните монахињи од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Пештерата е широка 2,5 метри и висока 3 метри. Направена е од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатена со иконата на Рождеството Христово и кандилце.

Инаку, во меѓувреме течат подготовките за манифестацијата „Бадникови поворки“ 2024 година.

На пробите што се одржуваат во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ бројот на учесници е сѐ поголем. Кон поворката од Охрид ќе се придружат и поворки од Дебрца, Велгошти… Следната проба е во сабота, 30-ти декември.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат Вечниот Бог. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата. На градскиот плоштад децата ќе бидат пречекани од градоначалникот, а ќе им бидат поделени и пригодни подароци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ на градскиот плоштад
Next Љупчо Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.