Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Балканот го очекува конечниот бран бегалци

Балканот го очекува конечниот бран бегалци

1 min read

Скопје/Атина/Тирана, 26. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Четири илјади бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан во камперски шатори преспиваат кај Идомени, Грција, чекајќи да им биде дозволено да влезат во Македонија.

Денеска само на 150 бегалци им е дозволено да влезат во Македонија, бидејќи на толку бегалци српските гранични власти им дозволиле да отпатуваат кон кампот во Шид. Но, за остатокот од бегалците кои чекаат влез, барем делумно, тоа е невозможно. Ако имаат документ за лична идентификација со фотографија можат да влезат само бегалците од Ирак и Сирија. Тие кои немаат нерви да ја издржат политичката игра со граничните проблеми, но и бегалците од Авганистан на кои од минатата недела не им е дозволено слободно да патуваат по бегалската траса, веќе најдоа нов начин како да заминат од Грција кон Европската Унија.

Албанскиот министер за интеграција Клајда Гјоша за албанската државна телевизија изјави дека се зголемува бројот на бегалците од Сирија кои чекаат да влезат во Албанија на грчко-албанската граница.

Од јули минатата година, според албанските власти, се откриени и вратени во Грција стотина бегалци кои илегално сакале да влезат во Албанија, а од таму да заминат во Италија. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас: Земјите на ЕУ да ги почитуваат одлуките за поделба на товарот од мигрантската криза
Next Собранието на Косово избира шеф на државата

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.