Њујорк, 25. септември 2014 (ИНПРЕС) – Српскиот претседател Томислав Николиќ, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
Како што е наведено во изјавата на генералниот секретар на ОН, Бан и Николиќ разговараа за процесот на европска интеграција на Србија, дијалогот Белград-Приштина, соработка на ОН и Србија, вклучувајќи ја и улогата на Србија во мировните мисии, како и престојното српско претседателство на ОБСЕ.
Бан ја пофали Србија за ефективен одговор на катастрофалните поплави. Николиќ вчера присуствуваше на отворањето на општата дебата на 69. редовна седница на Генералното собрание на ОН. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
