Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“ во Касарна Хаб

Бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“ во Касарна Хаб

1 min read
Бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“ во Касарна Хаб

Охрид, 16. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Касарна Хаб во рамките на Глобалната недела на претприемништвото е домаќин на бизнис натпревар „Oсновај свој старт-ап“.

Ова е одлична платформа за средношколците и професорите да се здружат, да ги споделат своите знаења и вештини и да соработуваат на различни проекти.

– Главната цел на овој настан е да се поттикне претприемачкиот потенцијал на младите, а понатаму подготвени сме да им овозможиме целокупна поддршка при основањето на свој старт-ап со цел поефикасно постигнување на нивните цели и конкурентност на пазарот, велат од Касарна Хаб.

Вчера, на првиот ден од натпреварот учествуваа околу 35 ученици од средните училишта во Охрид, а дискусијата ја водеа Наум Димитровски, претставник на Касарна Хаб и професорите Елеонора Куноска, Наташа Трајкоска и Војо Илоски.

Учениците со помош на своите менотри креираа работилници и ги избираа бизнис идеите кои понатаму ќе ги обработуваат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Филмот „Јанѕа“ посветен на Блаже Конески премиерно во Струга
Next ИЈЗ: Пријавени 47 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.