Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Билјана Плавшиќ: Клинтон е виновен за Сребреница

Билјана Плавшиќ: Клинтон е виновен за Сребреница

Хаг, 26. март 2016 (ИНПРЕС) – Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ изјави за Спутник дека поранешниот претседател на САД Бил Клинтон е виновен за злосторството во Сребреница.

Плавшиќ, која по признавањето на вината Хашкиот трибунал ја осуди на 11 години затвор за воени злосторства, изјави дека е неоспорно дека луѓето Сребреница страдале, но, како што кажа, по чија наредба?

– Клинтон кажа: Америка ќе влезе на ваша страна, муслиманската страна, во војната, ќе ги бомбардира Србите, ако дозволите четниците да влезат во Сребреница. И не смее да има помалку од 5.000 масакрирани, тврди Плавшиќ.

Таа тврди дека Клинтон ова му го кажал на Алија Изетбеговиќ, воениот лидер на босанските муслимани и член на претседателството на БиХ.

– Тој ова му го кажа на Изетбеговиќ, кој му го пренесе на военото претседателство, јас го читав записникот. Хрват во Хаг ми го даде записникот. Мојот адвокат ми помогна да дојдам до него. Ми кажа: „Ова вреди 20.000 марки“. Јас немав толку пари, ниту пак сметав дека е важно, па го читав стенограмот, што кажал едниот, што другиот. Алија Изетбеговиќ кажа: „Клинтон ме убедува“. Па сега, по толку години, е испечатена и книга, Американец кој за цело време на војната бил во Сараево, го кажува истото. Имам и преведена книга, како ѝ беше насловот… ја имам и на англиски и на српски, ако ви притреба. Точно пишува, вели Билјана Плавшиќ. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Караџиќ осуден на 40 години затвор
Next Протестите во Тирана завршија со судири со полицијата

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.