Сараево, 06. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Девојка во САД од Босна и Херцеговина Јасминка Рамиќ осудена е на три години затвор поради финасирање на Исламска држава, пресудил судот.
Рамиќ во септември минатата година ја призна вината за финасиска подршка на терористите, а пресудата била донесена вчера.
Таа е една од шесте босанки мигранти кои се обвинети во февруари дека на Исламска држава во Ирак им доставиле пари и војна опрема.
Рамиќ на терористите им дала 700 долари (40.173 денари), утврди обвинителството.
Останатите пет обвинетата не ги признала.
Јасминка Рамиќ во 2006 година добила американско државјанство, а живеела во градот Форт Вејн во северната држава Индијана, пред да се пресели во Германија, каде што е и уапсена. (Крај)
извор: Фокс фото: архива
