Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бугарија од август го намалува роамингот за Македонија

Бугарија од август го намалува роамингот за Македонија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Софија, 3. мај 2018 (ИНПРЕС) – Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.

Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан.

Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, Македонија и Србија веќе активно работат на потпишување спогодба.

– Активностите течат во координација со бугарската еврокомесарка Марија Габриел која беше иницијатор за пониски цени за роамингот во регионот – истакна бугарскиот министер за транспорт.

Во февруари годинава беше потпишан меѓувладин Меморандум за намалување на цените на роамингот за државите од Западен Балкан, што отвори можност мобилните оператори да почнат разговори за постигнување меѓусебен договор околу намалување на цените. Пониски цени за телефонските разговори меѓу државите од Западен Балкан и од ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседавање со Унијата. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Врховниот суд во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Next 38 години од смртта на Јосип Броз Тито

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.