Атина, 15. мај 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис е категоричен дека нема да поддржи договор за финансиска помош, која нема да помогне за обнова на земјата од кризата, јави “Морнинг стар”.
Тој е на мислење дека ако прифати таков договор, ќе биде само уште еден министер за финансии на земјата, што прифатил план кој веќе докажано не работи.
Според него, Владата мора да најде начин да “избега” од премногу строго следење на правилата на доверителите, кои нема да и дозволат на грчката економија да доживее пораст. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива
