Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Венизелос: Во Грција не се обучуваат џихадисти

Венизелос: Во Грција не се обучуваат џихадисти

Атина, 22. септември 2014 (ИНПРЕС) – Атина била предупредена од американските власти дека на грчка територија се обучуваат екстремисти, пишува грчки „Катимерини“.

Оваа информација беше негирана од страна на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

– Не сме добиле такво предупредување. Имаме тесна соработка со американската администрација и со сите другу сојузници, истакна тој. Со овие зборови Венизелос го коментираше тврдењето дека ЦИА и соопштила на официјална Атина за седумте лица со грчко потекло кои се бореле во странство како џихадисти. Грчката полиција исто така ги отфрли тврдењата дека на територијата на земјата се обучуваат џихадисти.

По вчерашната средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, шефот на грчката дипломатија изјави дека земјата ќе ја поддржи борбата со „Исламската држава“, која веќе контролира значителен дел од територијата на Ирак и Сирија и претставува закана, особено за регионот на Блискиот Исток. (Крај)

извор: Катимерини фото: архива

Post navigation

Previous Папата Фрациск: Нема оправдување за употреба на религијата за насилство
Next На средбата Самарас – Меркел нема да се разговара за Македонија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.