Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во Охрид ќе потпишат договор за соработка

Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија во Охрид ќе потпишат договор за соработка

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 21. септември 2017 (ИНПРЕС) – Ветеринарните комори на Република Македонија, Република Србија, Република Хрватска и Република Бугарија денеска во Охрид ќе потпишат меѓународен договор за соработка.

Целта е континуиран развој на ветеринарната професија, подигање на нејзиниот дигнитет, здравје на животните и на луѓето, како и грижа за благосостојбата на животните.

Како што соопшти Ветеринарната комора на РМ која е и домаќин на настанот, со имплементацијата на овие активности коморите покажуваат желба за соработка на прашања од заеднички интерес на билатерално, регионално, европско и глобално ниво, како и на прашања за обезбедување информации важни за постигнување заеднички цели, поврзани со ветеринарната професија, етика и наука.

На настанот ќе присуствуваат делегации предводени од претседателите на ветеринарните комори кои ќе го потпишат договорот, претставници на ветеринарните комори од Унгарија, Албанија и Република Српска, амбасадори, како и претставници на науката и државни институции од Македонија: заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и деканот на Ветеринарниот факултет во Битола Живко Гацовски. (Крај)

извор: А1Он фото: архива

Post navigation

Previous Македонски штанд на Меѓународен саем во Солун
Next З’ш Авантура од Триглав до Магаро (Фото/видео)

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.