Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва концерт во спомен на Климе Садило „Заборавениот звук“

Вечерва концерт во спомен на Климе Садило „Заборавениот звук“

Вечерва концерт во спомен на Климе Садило „Заборавениот звук“

Охрид, 21. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, концерт ќе одржи Чалгија саунд систем, насловен „Заборавениот звук“, а во спомен на Климе Садило.

Ќе го отсвират и отпеат репертоарот кој се слушал по охридските градски куќи и не само таму.

– Сите музички сладокусци, познавачи на делото на овој генијалец, сите што го сакаат звукот на неговиот единствен звук создаден со леснотија со левата рака, сите што го препознаваат чудото на едноставноста и желбата да раскажуваат приказни, и сите кои сакаат да чујат како ние ќе го презентираме трубадурскиот дух се добредојдени, велат од Чалгија саунд систем.

Инаку, од средината на месец март, виолината од најпознатиот охридски трубадур Климе Садило е изложена во Музеј Куќата на Робевци.

Садило е роден 1881 година во Охрид. Од млада возраст се занимавал со чалгискиот занает. Најпрвин свирел со татко му, а од 1906 година ја оформил својата тајфа „Такамот на Садиловци“, подоцна преименувана во „Охридски трубадури“. Припаѓа на втората, а според некои истражувачи на третата генерација охридски чалгаџии. Во песните што ги изведувале се пеело за старите охридски семејства, правилата и нормите на живеење, традицијата и обичаите, за забранетата љубов, неостварената љубов, како и за идеалите на народот на овие простори и борбата за слобода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со Ohrid Wine Fest ќе биде отворена туристичката сезона во Охрид, учество ќе земат над 20 винарии
Next Утре и задутре улицата „Марко Цепенков“ затворена за сообраќај

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.