Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва концерт на Ѓоко Танески за официјално отворање на Ohrid water festival

Вечерва концерт на Ѓоко Танески за официјално отворање на Ohrid water festival

1 min read

Охрид, 21. август 2023 (ИНПРЕС) – Со концерт на Ѓоко Танески, вечерва и официјално ќе биде отворен Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.

Концертот е со почеток во 20:00 часот пред хотелот „Палас“.

Инаку, спортските настани во рамки на оваа нова охридска приказна започнаа во саботата, со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата, вчера се одржаа кајак и кану регата на мирни води и триатлон.

Денес во рамки на програмата се одржува суп јога, првата регата околу Охридското Езеро, а од 16:00 часот се предвидени водени лудории на базенот „Атина Бојаџи“.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 33. степени
Next Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.