Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва презентација и запишување на курсевите за програмирање наменети за деца во Касарна Хаб

Вечерва презентација и запишување на курсевите за програмирање наменети за деца во Касарна Хаб

1 min read
Вечерва презентација и запишување на курсевите за програмирање наменети за деца во Касарна Хаб

Охрид, 31. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Денеска во периодот од 18:00 до 20:00 часот во просториите на Касарна Хаб ќе бидат презентирани новите курсеви за програмирање наменети за деца.

Главна цел е децата да научат соодветно да ги користат дигиталните алатки што им се на дофат.

– Тоа што порано било знаењето да се чита, сега е знаењето да се користат компјутерите соодветно. Многу деца се во онлајн светот, но ги користат само друштвените мрежи, а неретко запаѓаат во стапицата на дигитална зависност. Ние во Касарна Хаб, заедно со нашите соработници осмисливме повеќе курсеви со кои од една страна ќе се спремат децата за добро платена работа, од друга преку програмирањето ќе научат да решаваат проблеми, да бидат креативни, да истражуваат и соработуваат, велат од Касарна Хаб.

Можеби е цртан на 1 лице, дете и текст кој вели „Scratch, Python, C++, WordPress, Google Apps, MS Office, 5 3a Aeua oA 9 Ao 15 roAиHи npe3eHTauиa и 3anиwyBaHe BTopHиK 31 jaH 18-204acoT“

Додаваат дека курсевите траат 3 месеци, со динамика еднаш неделно по 90 минути. Ќе се одржуваат во просториите на Касарна Хаб за што потребно е секое дете да носи свој лап топ.

Секој курс има почетно и напредно ниво, а се нудат курсеви за програмирање со Scratch наменети за деца на возраст од 9 до 11 години, програмирање со Python за деца од 11 до 13 години, програмирање со C++ за деца од 13 до 15 години, MS Office – основно и напредно ниво за деца од 10 до 15 години, WordPress за деца од 13 до 15 години и Google Apps за деца од 11 до 15 години.

Првите курсеви ова полугодие се промотивни и ќе бидат бесплатни за децата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous В недела ќе се одржат традиционалните „Прличеви беседи“
Next ТАВ Македонија: Од јуни повторно се воведува авио конекцијата меѓу Охрид и Белград

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.