Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вкупно 327 Бугари во Република Македонија гласале на вчерашните бугарски избори, од нив 51 гласале во Охрид

Вкупно 327 Бугари во Република Македонија гласале на вчерашните бугарски избори, од нив 51 гласале во Охрид

Вкупно 327 Бугари во Република Македонија гласале на вчерашните бугарски избори, од нив 51 гласале во Охрид

Охрид, 28. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година.

Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.

До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.

На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.

3.504 македонски граѓани се изјасниле како Бугари на пописот од септември 2021 во земјава. Тоа е 0,19 отсто од населението во Македонија. Дека бугарскиот им е мајчин јазик на пописот пријавиле 1.519 граѓани, што е 0,08 отсто од населението во земјата.

Бугарија никако да излезе од политичката нестабилност откако протестите против корупција помогнаа да падне владата на Борисов во 2020 и земјата оттогаш ја водеа краткотрајни влади.

– Ќе работиме на тоа да формираме влада. Сакаме да работиме со сите партии освен со Преродба, изјави Борисов. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Едукативна недела во НП „Галичица“ од 4-ти до 8-ми ноември
Next ГФК Охрид Лихнидос денес гостува кај Осогово

Слични вести

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид „Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

„Парламентарен караван“ следната недела во Охрид

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.