Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Владата им стави европско знаме на Предлог-законите за коридорите

Владата им стави европско знаме на Предлог-законите за коридорите

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 5. мај 2023 (ИНПРЕС) – Владата на денешната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д и ќе ги достави до Собранието со европско знаме, со цел, како што рече вицепремиер Артан Груби, изградбата на коридорите да биде поевтина и побрза.

На денешната прес-конференција во Владата Груби ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа се ставале во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозувале националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

Нема опис за фотографијата.

– Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту „Енка“, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење. Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда, рече Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пак, порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous В недела Македонската квиз асоцијација ќе одржи Мастер квиз во Охрид
Next Kомедијата „Несфатената цивилизација“ в петок повторно пред охридската публика

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.