Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Владата на Самарас ја доби довербата од пратениците

Владата на Самарас ја доби довербата од пратениците

1 min read

Атина, 11. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Коалициската влада на премиерот на Грција Антонис Самарас ја доби довербата од грчкиот парламент.

Неговиот кабинет беше поддржан од страна на 155 пратеници (од вкупно 300) на централнодесничарската партија Нова демократија, чиј лидер е премиерот Самарас, и централно-левичарската ПАСОК, чиј лидер е Евангелос Венизелос, вицепремиер и министер за надворешни работи.

Гласањето за доверба го побарааа самите Самарас и Венизелос, со цел да се демонстрира единство во владината коалиција, која се разниша по меѓусебните напади во текот на izминатите неколку недели. Најголема закана за нив во моментов е партијата СИРИЗА, која според последните анкети ги надминува по популарност и Нова демократија и ПАСОК.

Преку гласањето за доверба, Самарас сакаше да испрати и јасна порака до меѓународните кредитори дека политичката ситуација во Грција е стабилна. Стабилизирањето на финансиско-економската ситуација е вградено и во нацрт-буџетот, доставен на 6 октомври, а чиј финален текст ќе биде презентиран во ноември.

Новиот буџет предвидува враќање на земјата кон позитивните стапки на економски раст по 6 години на рецесија. За 2014 година е констатиран раст од 0,6%, кој во 2015 година треба да порасне до 2,9%. Предвидено е и намалување на невработеноста до 24,5% во текот на 2014 година и до 22,5% за 2015 година. Овен ова, владата планира да издаде 7–годишни и 10-годишни обврзници, како и краткорочни државни обврзници со рок на отплата од максимум 26 недели. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Албанскиот министер Бушати изрази поддршка за Евроатлантската интеграција на Македонија
Next Општи избори во БиХ

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.