Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 11. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Новата грчка влада на премиерот Алексис Ципрас доби доверба во парламентот неколку часа пред почетокот на преговорите со ЕУ за повторни преговори на долгот.
“За” гласаа 162 пратеници, а 137 беа “против” во 300-члениот парламент. Мнозинство гласаше за поддршка на плановите на Владата, кои вклучуваат договорени непопуларни спасувачки план на ЕУ и ММФ. Пратениците ја поддржаа насоката кон надминување на сиромаштијата и невработеноста.
Министрите за финансии на земјите од Еврогрупата ќе дискутираат на вонредна седница во Брисел дали да биде продолжена, или прекината програмата за рендерирање на меѓународна финансиска помош на Грција. Во оваа средба за првпат ќе учествува новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.
Повеќето Грци ги оценуваат како позитивни првите чекори на Владата на СИРИЗА и особено конфронтацијата со кредиторите на земјата. (Крај)
извор: Интерфакс фото: архива
