Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Еезро над просекот за април

Водостојот на Охридското Еезро над просекот за април


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. април 2024 (ИНПРЕС) – Периодов се бележи зголемување на нивото на водата во Охридското Езеро со што е надминат априлскиот просек.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,59 м.н.в што е за 2 сантиметри над просекот за април (693,57 м.н.в) и за 49 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 13 степени, што е за 2,7 степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 7 сантиметри.

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и услови за повремени врнежи од дожд кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous ОИК Охрид: Во главниот избирачки список се запишани 51.717 избирачи, ќе се гласа на 87 избирачки места
Next Велигденски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.