Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро во рамки на просекот за јули

Водостојот на Охридското Езеро во рамки на просекот за јули

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 18. јули 2024 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е во рамки на просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,58 м.н.в колку што изнесува просекот за јули и за 48 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е над просечната (22,8) и изнесува 25.5 степени целзиусови.

Во овој период на високи температури и отсуство на дожд. Се бележи пад на езерското ниво. Па, така од почетокот на месецов водостојот е намелен за 7 сантиметри.

Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Детската балетска претстава „Барби“ во петок пред најмладата публика
Next Во тек е пријавувањето за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.