Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро од почетокот на месецов досега се намалил за 15 сантиметри

Водостојот на Охридското Езеро од почетокот на месецов досега се намалил за 15 сантиметри

Охрид, 29. септември 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,29 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за септември (693,34 м.н.в) и 19 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на езерската вода е 19 степени и е за 1,1 степени пониска од просекот за септември.

Инаку од почетокот на месецов се бележи константен пад на езерскиот водостој. Ако тогаш бил на кота од 693,44 м.н.в, денес е за цели 15 сантиметри понизок.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Се одбележува Светскиот ден на срцето, превенцијата од кардиоваскуларни заболувања една од најважните точки
Next Николовски: Членови на Slow Food Ohrid и готвачот Димитар Арнаудовски ќе бидат меѓу учесниците на вториот национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.