Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро падна под просекот за април

Водостојот на Охридското Езеро падна под просекот за април

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро падна под просекот за април

Охрид, 22. април 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму се намалува и падна под априлскиот просек.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,56 м.н.в, што е за 1 сантиметар под просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 46 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Константно намалување на езерскиот водостој се бележи од почетокот на месецов. Во првата половина на минатиот месец  езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела нивото е намалено за 2 сантиметри.

Во Охрид променливо облачно време со повремени, пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11 степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во Пештани
Next Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.