Приштина, 26. мај 2015 (ИНПРЕС) – Косово отвори истрага за лицата што се негови државјани, а кои учествуваа во борбените дејствија во Куманово, кои се случија на 9 и на 10 мај.
Водачите на вооружена група, која се судри со македонската полицијата во Куманово во напад во кој беа убиени осум полицајци, планирале напад на затворот кај Подуево за да ослободат затвореници што издржуваат високи казни затвор поради сторени злосторства, пренесува косовскиот весник „Коха диторе“.
Според документи и информации на Косовската информативна агенција и косовската полиција, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, кои загинаа во акцијата, а беа водачи на 44-члената група осомничена за тероризам, планирале напад на затворот во Грдовац, кој е под силно полициско обезбедување и од каде што сакале да ослободат две лица за кои се претпоставува дека се едни од најопасните криминалци на Косово и кои извршиле повеќе кривични дела меѓу кои и убиства, пишува весникот.
Според најавите на косовските медиуми, денеска треба да се изврши погребот на дел од загинатите лица што учествуваа во групата, осомничена за терористичкиот напад во Куманово. Нивните тела беа пренесени во Косово. (Крај)
извор: Телеграф.мк/Blic фото: архива
