Корча, 3. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Прекуграничниот биосферен резерватот Охрид – Преспа ќе биде инаугуриран во прекуграничен на 13-ти октомври. Свечениот настан ќе се одржи во Корча, Република Албанија.
Номинацијата на прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ (МАБ), на 26-тиот состанок одржан во Јончепинг во Шведска, од 10-ти до 13-ти јуни годинава кога истиот беше прогласен за 14-ти по ред прекуграничен биосферен резерват во светот.
Официјалното предавање на Сертификатот потпишан од страна на генералниот директор на УНЕСКО ќе се одржи во присуство на претставници на владите на Република Македонија и Република Албанија, преставници на националните парламенти, општините, преставници на дипломатскиот кор, на меѓународните организации, претставници на локалните засегнати чинители, како и претставници на УНЕСКО. (Крај)
извор: Охридпрес фото: архива
