Охрид, 13. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Во месец ноември 2022 година во Охрид биле издадени 9 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Од нив во три случаи инвеститор е физичко лице, а во шест правен субјект. Предвидена е градба на 29 станови, со вкупна корисна површина од 1.736 м². Во анализираниот период, во Струга се издадени 3 одобренија, сите на физички лица, додека во Дебрца нема издадено одобренија за градба.
На ниво на Македонија во ноември 2022 година издадени се 354 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 156 се наменети за објекти од високоградба, 119 за објекти од нискоградба и 79 за објекти за реконструкција. Од вкупно 354 објекти, на 176 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 53.383 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
