Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридскиот регион мапирани 36 јавни објекти – загадувачи

Во охридскиот регион мапирани 36 јавни објекти – загадувачи

1 min read

Охрид/Скопје, 25. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Во охридскиот регион мапирани се 36 јавни објекти – загадувачи на воздухот. Ова го покажуваат податоците на Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“.

Според мапата се гледа дека станува збор за објекти од јавното здравство, училишта, градинки, институции под државна и локална капа, но и други установи кои склучиле договори за набавка на екстра лесно масло за домаќинство.

Со оглед на тоа што државниот, но и локалните буџети за следната година се во подготовка, од „Шанса за Центар“ апелираат за обраќање и своевиден притисок до пратениците за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот, а до советниците, борбата против загадувањето да биде насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.

– Да ги притиснеме пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во Буџетот за 2024-та во нивните изборни единици и да дадеме шанса на сите општини да станат почисти. Во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа, велат од „Шанса за Центар“.

Оттаму извршија обележување низ цела држава, при што се утврдени близу 700 јавни објекти – загадувачи и додаваат дека за нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од почетокот годинава се бележи намалување на бројот на издадени одобренија за градба во Охрид
Next Хуманитарен турнир во мал фудбал по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.