Охрид, 14. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
UV индексот ќе биде 5, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.
– Во следните денови ќе се задржи и понатаму топло. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот. Од понеделник условите за нестабилност ќе се намалат, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

